Прекинат бојкотот, наставата се одвива редовно

07.04.2015 08:06 | KumanovoNews

Средношколците од Куманово го прекинаа бојкотот, и денеска наставата се одвива нормално во сите средни училишта во градот.

Прекинат бојкотот, наставата се одвива редовно

Од Средношколскиот пленум велат дека вчера само гимназијалците се охрабрија да бојкотираат, а учениците од стручните училишта не им се приклучија.

“Бојкотот е ставен во мирување, но попладне интерно Средношколскиот пленум ќе одржи состанок и ќе одлучи што понатаму. Се соочуваме со притисоци од повеќе страни, и вчера немавме поддршка од сите ученици. Барањата остануваат исти, не отстапуваме од нив“ - велат од Средношколскиот пленум.

Тие бараат стопирање на лошите реформи во образованието, и да не се полага математика на државна матура.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk