Прекинат сообраќајот на неколку патни правци

15.02.2010 08:47 | KumanovoNews

 Сообраќајот на повеќето магистрални и регионални патни правци во државата во утринските часови се одвива по влажни коловози, поради врнежи од дожд и снег.

Прекинат сообраќајот на неколку патни правци

Одрони од камења и лизгања на земјиште  има кај Ростуше, па патниот правец Маврово-Дебар сеуште е непрооден за сите видови на возила во двата правци.

На планинските превои Стража и Маврово  забрането е движењето на тешки товарни возила поради поголеми остатоци од снег на коловозот, а за патничките возила се препорачува употреба на зимска опрема.

Силен ветер кој прави наноси од снег  го отежнува сообраќајот на патниот правец Тетово-Попова Шапка. Сообраќајот на патниот правец Удово-Валандово е во прекин за сите возила поради наноси од песок и излевање на Калковска река. Возилата за Валандово се пренасочуваат на регионалниот правец преку Марвинци. 

Од АМСМ на возачите им препорачуваат крајно внимателно возење, прилагодување на брзината на движење и одржување на потребното растојание помеѓу возилата. Особено да се внимава низ клисурите и засеците на честата појава на одрони. Интензитетот на сообраќај е умерен надвор од градските средини.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk