“Прекината одисеја“ ќе се игра за поплавените

19.09.2016 07:30 | KumanovoNews

 Утревечер во 20 часот во големата сала на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ - Куманово ќе биде изведена претставата “Прекината одисеја“ од Роберт Урбањски во продукција на МНТ - Скопје.

“Прекината одисеја“ ќе се игра за поплавените

  Претставата се организира со цел да се соберат финансиски средства за помош на настраданите во поплавените подрачја во околината на Скопје. 

Претставата е работена во копродукција со театар „Хелена Моджевејска“ од Полска. Режијата е на Јацек Гломб. Се работи за вистинска историска приказна која се случува 1948 година на подрачјата зафатени со бруталната војна во Грција. Тогаш од територијата на Егејска Македонија партизаните евакуираат македонски и грчки деца, кои дел пристигаат во Полска и наоѓаат дом.

Играат: Владо Јовановски,Снежана Коневска Руси,Трајче Георгиев, Томе Витанов, Сашка Димитровска и др.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk