Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Седницата на Советот на општина Куманово денеска беше прекината, откако советниците од Коалицијата За подобра Македонија ја напуштија салата незадоволни од текот на гласањето.
Советниците од локалната опозиција го обвинија претседателот на Советот дека го крши деловникот. Несогласување настана околу гласање на предлог даден од советникот на ДУИ, Ридван Асани за одобрување помош од 300.000 денари за поплавените подрачја во Република Албанија. Сите советници гласа за, но од ВМРО - ДПМНЕ сметале дека гласаат за измени на член, а не за предлогот.
“Ние гласавме за измена на членот 2, а не за предлогот за помош. Баравме со измена на членот 2 да се дадат хигиенски средства и други потребни работи, а не пари. Ќе го поддржевме и предлогот, но работа е што се крши деловникот. Откако ќе се смени членот требаше да гласаме за предлог одлуката,- рече Христина Краиновиќ, советник од ВМРО - ДПМНЕ.
На реакциите на советниците од Коалицијата за подобра Македонија, претседателот на Советот, Максим Димитриевски им одговори дека треба внимателно да ја следат седницата и ако сметаат дека тој погрешно се изразил, да ги проверат стенограмите и видео снимките од седницата,
Иако се јавија забуни кај советниците, сепак е изгласан предлогот на Албанија да и се помогне со 300.000 денари.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk