Преку „Македонија вработува“ вработени 230 кумановци

18.08.2015 12:48 | KumanovoNews

До денеска 230 кумановци се вработиле преку проектот “Македонија вработува“, соопшти министерот за труд и социјална политика Диме Спасов при денешната посета на Куманово.

Преку „Македонија вработува“ вработени 230 кумановци

Спасов се надева дека и понатаму ќе се отвараат нови работни места со поволностите кои овој проект ги нуди.

Секоја приватна компанија која сака да отвори ново работно место, која сака да вработи лице користејќи ги овие поволности, може да добие ослободување до 2000 евра годишно за плаќање на социјални придонеси. Тоа би значело големо ослободување во период од 3 до 5 години, колку што и траат поволностите од проектот „Македонија вработува“ - изјави Спасов.

На ниво на Македонија досега се вработени 4670 лица преку овој проект.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk