Прекупци ќе го затворат Зелениот пазар

01.11.2010 08:54 | KumanovoNews

 Настојувањата на надлежните да се справат со нелојалната конкуренција и хаосот во овој дел од градот засега се безуспешни.

Прекупци ќе го затворат Зелениот пазар

 Проблемот со дивите тезги околу Зелениот пазар е хроничен проблем на вработените во ЈП Пазариште и локалната самоуправа. Настојувањата на надлежните да се справат со нелојалната конкуренција и хаосот во овој дел од градот засега се безуспешни.Од поставените диви тезги и камиони на тротоарот и улицата, граѓаните и возилата неможат да поминат.

Пред неколку дена имавме два состанока со полицијата, инспекциските служби и претставници на Општината за да најдеме начин да се справиме со проблемот, кој буквално го парализира собраќајот на влезот во градот и пред нашето претпријатие. При тоа се договоривме на тротоарот пред влезот на пазарот да поставиме столбови и сообраќајни знаци. Нелојалната конкуренција ни удира директно во финасиското работење и во опстојувањето на претпријатието -се жали директорот Фадиљ Шабани.

 Додека траела координираната акција од надлежните институции се направил некаков ред околу пазарот, а кога завршила се продолжило по старо. На хаосот со дивите препродавачи реагираат и пазарџиите што имаат закупени тезги.

Ние плаќаме на државата, а препродавачите го собираат кајмакот. Луѓето купуваат надвор затоа што тие продаваат поевтино и немаат никакви давачки. Принудени сме да ги откажеме тезгите ако не се преземе нешто - велат револтирано тезгаџиите.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk