Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ вечерва во 20 часот, премиерно ќе биде прикажана албанската драма “Коренот на Кале“ во режија на Веби Ќерими, а работена според текстот на Назми Беќири.
Во драмата играат актерите Зијадин Муртези, Исмаил Касуми, Ќазмедин Нуредини, Мирсад Абази, Сефедин Шабани, Шкељќим Ислами, Илбер Муртези, Мендим Муртези, Шкумбин Зекири, Енвер Халими, Сара Бајрами, Резарт Нуредини и Генциана Рамадани.
Сценографијата е на Арменд Адеми, а за музичкиот дел се погрижи Орхан Шаќири.
Репризно претставата ќе игра од понеделник во 20 часот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk