Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Краткометражниот аматерски филм „На колена“, во режија на Предраг Анѓеловски и продукција на Милан Богдановски од Куманово, премиерно ќе биде прикажан вечерва во Занаетчискиот дом.
Филмот е критика на денешното модерно општество, а фокусот се младите. Тој е резултат на потребата да се зборува за проблемите кои ги притискаат тинејџерите во 21-от век, и да ја претстави реалноста на младиот човек во земјава.
На филмот „На колена“ се работело 1,5 година, а се снимал на повеќе локации во Куманово.
Во филмот играат: Кристијан Петковски, Валентино Цветановски, Јована Милошевска, Марија Милошевска и Бранко Стојковски.
Првата реприза на филмот ќе биде прикажан и утре вечер во истиот термин во 19.30 часот, во Занаетчискиот дом во Куманово.
Бeсплатни билети за филмот може да се подигнат во „Фото плус“.
Авторите имаат амбиции филмот да биде прикажан во кино салите, но и на ТВ екраните, а планираат да се пријават и на повеќе државни, но и меѓународни фестивали.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk