Премиера на “Грдиот“ во кумановскиот театар

17.12.2014 14:01 | KumanovoNews

Претставата “Грдиот“ работена по текст на Мариус фон Мајенбург во режија на Дејана Николовска во сабота во 20 часот премиерно ќе биде прикажана во театар Куманово.

Премиера на “Грдиот“ во кумановскиот театар

Во претставата играат: Игор Трајковски, Александра Пешевска, Александар Микиќ и Оливер Митковски. Музиката е на Сашко Костов, сценограф е Валентин Светозарев, костимограф е Нела Тодоровска и видеото е на Сергеј Светозарев.

“Во претставата трагичните моменти се прикажани на комичен начин. Се зборува за убавината, физичкиот изглед и младоста. Играат четворица актери, од кои двајца за прв пат настапуваат во кумановскиот театар. Оваа година ни се погоди во Куманово да имаме две претстави од германски автори, режирани од режисерки од Скопје кои студирале во Русија“ - вели Симона Тоскиќ, продуцент во театар Куманово.

Претставата ќе биде прикажана и во недела и во понеделник во истиот термин.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk