Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Кумановскиот театар утревечер во 20 часот, премиерно ќе биде изведена претставта „Интрига и љубов“ во режија на Љупчо Ѓоргиевски, по текст на Фридрих Шилер.
„„Интрига и љубов“ е претстава за украдените животи на генерации млади луѓе од страна на манипулатори во нивната бескомпромисна борба за власт. Драмата изобилува со силни романтични чувства на кои од денешен аспект сме склони да гледаме со потценување залажувајќи се себеси дека има нешто друго, поважно од љубовта. Токму тука доаѓаме до главниот мотив да се зафатам со овој текст – Љубовта како референтна точка од која треба да се промислуваат општеството и светот“, - изјави режисерот, Љупчо Ѓоргиевски.
Актерска екипа ја сочинуваат: Нина Максимова, Марко Трајковиќ, Горан Илиќ, Kети Дончевска Илиќ, Јордан Витанов, Антонио Димитриевски, Александра Пешевска и Мирослав Петковиќ.
Сценографија: Валентин Светозарев, костимографија: Андреј Ѓоргиевски и композитор: Марјан Неќак.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk