Премиера на претставата „Недоразбирање“ во Кумановскиот театар

25.06.2019 14:06 | KumanovoNews

Претставата „Недоразбирање“ од Албер Ками, а во режија на Драгана Таневска, утревечер премиерно ќе биде изведена во Кумановскиот театар.

Премиера на претставата „Недоразбирање“ во Кумановскиот театар

„Ова е претстава која му се обраќа на модерниот човек кој во трка да ги исполни своите желби заборава на суштината. Ние се занимаваме со тоа што значи да се биде човек денес и колку можат желбите да го изменат моралот и да ги поместат границите“, - посочи Драгана Таневска, режисерка.

Во претставата играат Александра Михајловска, Кети Дончевска Илиќ, Никола Наковски, Сања Русеска, Марко Трајковиќ. Драматургијата во претставата е на Сашо Костовски, сценографијата на Сергеј Светозарев,  а костимографијата на Ванчо Василев.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk