Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Кумановскиот театар вечерва премиерно беше изведена детската претстава „Волшебникот од Оз„, според текст на Франк Лајман Баум, а во режија на Бојана Краљевска.
Иако се работи за претстава за деца која е напишана повеќе од 100 години, сеуште е актуелна. Една тема со возбудливи и интересни ликови, преку возбудливи ситуации, кои трагаат по вистинските вредности во животот, кои, всушност, секој човек си ги носи во себе, а треба само упорност и чесни постапки во животот да ги пронајде и да стигне до нив, - рече режисерката Краљевска.
Во претставата играат: Сања Русеска, Марко Трајковиќ, Мартин Лазаревски, Александра Михајловска, Кети Дончевска Илиќ, Горан Илиќ, кои треба да ја освојат и задржат детската публика.
За секој актер е големо задоволство, покрај другиот репертоар за возрасни, да работи за деца. Тоа е публика која што навистина искрено гледа, искрено ни се радува и во претставата и после неа. Се надевам дека тоа уживање и таа еуфорија што ние ја имаме на сцената ќе ја пренесеме на публиката и со младите луѓе ќе воспоставиме одличен флуид, - изјави актерката Кети Дончевска Илиќ, која ја игра вештерката.
Во Кумановскиот театар по долга пауза повторно започнаа да се играат претстави за деца. По “Пинокио“ сега и „Волшебникот од Оз“
Почетокот на претставата е во 18.30 часот, а првтат реприза во сабота во 12.30 часот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk