Премиерот Спасовски со лична донација за Кумановската болница

14.04.2020 16:28 | KumanovoNews

Премиерот Оливер Спасовски донираше тунел за дезинфекција на Oпштата болница во Куманово.

Премиерот Спасовски со лична донација за Кумановската болница

Тунелот ќе биде поставен на влезот во болницата и низ него ќе поминуваат сите коишто влегуваат и излегуваат од таму. Со тоа ќе се спречи ширењето на коронавирусот.

- Ова е хуман гест од премиерот кој ќе допринесе во борбата против ширење на вирусот COVID- 19. Благодарност до премиерот од името на вработените, – стои во објавата на Општата болница Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk