Премиерот Заев во Куманово на одбележувањето на 11 Октомври

09.10.2019 12:48 | KumanovoNews

Премиерот Зоран Заев, ќе ја предводи владината делегација во Куманово на одбележувањето на државниот празник 11 Октомври – Ден на народното востание.

Премиерот Заев во Куманово на одбележувањето на 11 Октомври

Во нејзиниот состав ќе бидат вицепремиерот и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за образование и наука Арбер Адеми и министерката без ресор задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска.

Одбележувањето на 78-годишнината од Денот на народното востание на македонскиот народ против фашизмот и за македонска државност во Куманово ќе почнат со положување цвеќе на Спомен-костурницата.

Покрај другите содржини, предвидено е обраќање на премиерот Заев.

Свеченостите по повод одбележувањето на државниот празник 11 Октомври – Ден на народното востание, ќе се одржат и во Прилеп и во Скопје.

Од владината прес-служба информираат дека на сите свечености по повод одбележувањето на државниот празник 11 Октомври – Ден на народното востание, се поканети членови на Сојузот на борците, дипломатскиот кор во нашата земја и претставници на општествените и граѓанските организации во државата.

(фото архива)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk