Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Преоптовареност на вагоните е една од причините за излетувањето од шините на товарниот воз во селото Черкези.
Директорот на Македонски железници - инфраструктура Ирфан Асани, вели дека дошло до искривување на третиот вагон, по што се превртеле и останатите вагони.
„Од она што првично гледаме и имаме некои индиции за можни причини за несреќата се неправилности во товарењето на вагоните, но по завршување на увидот ќе кажеме колку тие можеле да придонесат, но ќе се разгледаат и другите причини“, - вели директорот Асани.
Вицепремиерот Кочо Анѓушев, од местото на несреќата рече дека Владата ќе направи се што е во нејзина моќ увидот да заврши што побрзо и да почне санација на колосекот, за да може да се воспостави транспортниот правец Север- Југ на коридорот 10, кој сега е во застој
“Ги правиме сите подготвителни активности после увидот да се отстранат вагоните кои што се хаварисани од коловозот, а после тоа инфраструктира е спремна во најбрз можен рок, во рок од 24 часа да ја санира пругата, за да може повторно да се воспостави сообраќајот“, - изјави Анѓушев.
Увид на лице место вршат екипи на Македонски железници Транспорт и Македонски железници Инфраструктура, заедно со МВР и обвинителството.
Пред железничката несреќа со товарниот воз, поминале два патнички возова, едниот експресен воз Солун - Белград во 23 часот, а потоа 30 минути по полноќ патничкиот воз Скопје - Табановце. Штетата од несреќата ќе биде покриена од осигурувањето.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk