Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Владата на вчерашната седница ја дополни oдлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на општина Куманово со градски и меѓуградски патнички и железничкиот патнички јавен превоз.
- Со оваа одлука им се препорачува на економските оператори што имаат големи производствени и продажни капацитети на подрачјето на територијата на општина Куманово да го приспособат своето работење со редуциран број на вработени, имајќи ја предвид забраната за влез и излез од и во подрачјето на територијата на општина Куманово со градски и меѓуградски патнички и железнички патнички јавен превоз или целосно да ги затворат производствените и продажните капацитети, - соопштуваат од Владата.
Оваа одлука влегува во сила од денеска (25 март) 2020 година.
Владата предходно донесе одлука за укинување на меѓуградскиот и градскиот превоз и да се затвораат сите продавници кои се наоѓаат во трговските центри во Куманово, за да се спречи ширењето на вирусот меѓу граѓаните.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk