Препораки за правилна домашна самоизолација

20.03.2020 11:27 | KumanovoNews

 Министерот за здравство Венко Филипче објави преораки за правилна самоизолација, со цел да се спречи ширењето на кронавирусот.

Препораки за правилна домашна самоизолација

Според препораките:

 -Доколку имате можност, работете од дома.

- Одделете се од останатите во различни простории.

- Бидете на безбедно растојание со другите помеѓу 1 и 2 метри.

- Редовно проветрувајте ги просториите.

- Останете дома, освен во случај на итност.

- Во однос на редовната исхрана изолираното лице продолжува со вообичаениот начин на исхрана.

- Избегнувајте заедничко користење предмети за домакинство како што се крпи за раце, постелнина, чаши, прибор за јадење, доколку нарачувате продукти преку достава избегнете контакт со доставувачот.

- Чистете ги површините во домот кои најчесто ги користите.

- Следете ги препораките за превенција од здравствените установи.

- Направете самопорверка на здравствената состојба со мерење на телесната температура неколку пати во текот на денот.

- Често пати да се мијат рацете со сапун и да се користи средство за дезинфекција на раце кое содржи алкохол.

Доколку почувствувате симптоми слични на грип јавете се во Центарот за јавно здравје во Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk