Препораки за превенција од коронавирусот

14.02.2020 13:32 | KumanovoNews

Министерството за здравство објави листа на препораки за превенција на граѓаните од коронавирусот.

Препораки за превенција од коронавирусот

Се препорачува:

   Да се воведе дополнителна заштита на храната – да не се јаде храна направена од болни животни.

    Да се воведе дополнителна заштита при подготовка на храната – да се користат различни садови и ножеви за подготовка и сечкање на сирова и да се мијат задолжително рацете после секоја подготовка на храна. При подготовка на месо и јајца истите убаво термички да се обработат.

    Да се воведе посебна заштита при работа на отворени пазари – задолжително носење заштитни опрема, ракавици, маски и мантили додека се извршуваат работи со животни или производи од животинско потекло, по употребата целата опрема да се извади и да се пере секојдневно. Да се внимава да се заштити семејството од неиспрана работна опрема.

    Да се штити населението од настинки – да се избегнува незаштитен контакт со болни (вклучувајќи и допир на уста, нос и очи), како и незаштитен контакт со домашни или диви животни.

    Задолжително и често миење на раце – и кога не се видливо нечисти да се мијат рацете со сапун и вода или да се користи чистач за раце кој содржи алкохол.

    Заштита на останатите од заболување – при кашлање или кивање да се заштити устата и носот со марамче или да се кашла/кива во подлактица, а не во дланка. По употреба, марамчињата да се фрлаат во затворени  канти. При кашлање или кивање, како и при грижа за болни задолжително да се мијат рацете.

До сега во Македонија нема регистриран случај на заболен од коронавирусот. Еден македонски државјанин е заболен на бродот кој се наоѓа на пристаниште во Јапонија, но според информациите од Министерството, тој е во добра и стабилна состојба.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk