Препораки за возачите и пешаците за безбедност во сообраќајот во зима

10.01.2019 09:10 | KumanovoNews

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) апелира до возачите во зимски услови да го прилагодат возењето спрема временските услови и условите на патот, да ги почитуваат пешаците и да се погрижат за нивната безбедност во сообраќајот, а пешаците да внимаваат за тоа без разлика дали се движат на тротоар, на пешачки премин или преминуваат преку улица, сепак тие се најподложни на повреди.

Препораки за возачите и пешаците за безбедност во сообраќајот во зима

Пешаците, советува РСБСП треба да носат соодветни и добро одржувани обувки и да останат видливи и носат светла, рефлектирачка облека или предмети, како и да го планираат патувањето, да избегнуваат брзање и внимателно да го следат сообраќајот.

РСБСП апелира возачите да се однесуваат одговорно и внимателно, особено кон ранливите категории учесници во сообраќајот.

Секој возач во зимски услови на возење треба пред да тргнете на пат, да ја провери временската прогноза, резервоарот со гориво и течностите во возилото, како и задолжително да користи светла за зголемена видливост и да поседува зимски сет.

РСБСП ги советува возачите, доколку се заглават, да ги вклучат трепкачите, да постават рефлектирачки триаголник на патот, а ако има големи наноси на снег за означување на возилото може да закачите обоена ткаенина на антената, како и да останат во возилото додека не дојде помош.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk