Прес на ВМРО-ДПМНЕ за јавниот превоз во градот

26.02.2016 12:49 | KumanovoNews

ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа прес-конференција на автобуската постојка спроти зградата на Уред, при што ја критикуваа локалната власт за организирањето на јавниот превоз.

Прес на ВМРО-ДПМНЕ за јавниот превоз во градот

 Интегрално ви го пренесуваме говорот на Срѓан Ивановски, член на општинскиот комитет.

Од провидната злоупотреба на советничките прашања помеѓу Дамјановски и Димитриевски и без да сте сакале, дознавте дека 24 линии го опслужуваат јавниот превоз, со 24 автобуса и 17 минибуса, од 05 до 22. 30 часот.

За малку ќе сте пропуштиле да дознаете дека е ваша вината затоа што не ги разбирате состојбите во јавниот превоз бидејќи го немате „клучниот“ податок: 3886 средношколци и 1572 основци го користат училишниот превоз во Куманово.

Слабата режија на Дамјановски и Димитриевски изучувана на скопска Бихаќка, според која вниманието на избирачите треба да се сврти кон беспотребни податоци,– НЕ ПРОАЃА кај кумановчани.

Граѓаните и Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово ги повикуваат Градоначалникот Дамјановски и првиот помеѓу советниците – Димитриевски, за момент да ги сменат честите релации кон Четирце, Љубљана и Бихаќка и преку јавниот превоз да согледаат што како Сојуз за наводната иднина ВЕТИЛЕ, а НЕ ОСТВАРИЛЕ!

Возењето со јавниот превоз ќе им даде одговор на повеќе, дури и на сите прашања:

-Каде се ветените широки булевари и улици?

-Каде се ветените автобуски постојки?

-Каде е возниот ред на автобуските постојки?

-Каде ...

Почитуван Дамјановски и почитуван Димитриевски,

Самите средношколци и основци корисници на линискиот превоз, а особено нивните родители, ќе ви речат, дека е позначајно да знаеш каде е Австралија, отколку колку овци има Австралија!

Престанете да се грижите единствено за удобноста на вашите и на канцелариите навашите кумчиња, побратимчиња и дечиња на вашите пријатели бидејќи сликата на вашата и нивната работа Е ОВАА!Ова е „ЕВРОПСКО“ Куманово!

Помалку грижете се за исходот на кривичните постапки на дел од општинската администрација и ловот на вештерки помеѓу сограѓаните, а повеќе грижете се за реалните потреби на граѓаните бидејќи тие се мнозинството коешто ја крои одлуката и на овие и на идните локални избори!

Во спротивно, ќе бидеме посигурни во ставот којшто го делат мнозинството кумановци – дека Сојузот на иднината, полека станува Сојуз на минатото!„

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk