Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Фондација за развој на мали и средни претпријатија Куманово, по потпишување на договор на 19 Декември 2013 год. започна со имплементација на ЕУ проект “Лидерство и мотивација – занимање или професија” (Leadership and motivation – vocation or profession), Реф. бр. 2007CB16IPO007-2012-3-042, финансиран по програмата IPA Cross-border Programme CCI Number 2007CB16IPO007 помеѓу Република Бугарија и Република Македонија.
Проектот го имплементира Лидер партнер – Фондација за развој на мали и средни претпријатија Куманово (Р. Македонија) заедно со меѓуграничен партнер - Здружение Алианс за регионални и граѓански иницијативи (АРГИ) фелијала Благоевград (Р. Бугарија).
Во рамки на 12 месеци (19.12.2013 – 18.12.2014 год.) двете организации ќе работат за потикнување на економскиот развој и и социјалната кохезија во прекуграничниот регион Куманово – Благоевград.
Во веќе поминатиот шестмесечен временски период беа реализирани успешно сите планирани активности во овој период, беа успешно спроведени сите тендер процедури, потпишани договори со најдобрите понудувачи и прецизно е запазена временската рамка на активностите по проектот.
Во рамки на проектот “Лидерство и мотивација – занимање или професија” следува имплементирање на најрелевантната активност – Спроведување на специјализирана обука (Тренинг Академија) за менаџери и оддржување на групен тренинг.
Станува збор за две непосредно поврзани професионални обуки.
Целна група на првата обука (Специјализирана обука – Тренинг академија за менаџери и HR специјалисти) ќе бидат 10 менаџери (или HR специјалисти) на компании кои имаат најмалку 5 вработени.
Во рамки на првата обука која ќе биде со времетраење од 12 дена ќе бидат опфатени теоретско и практично најзначајните теми во делот на обука на менаџери на високо професионално ниво.
Тука ќе се обработуваат неколку модули со кои ќе можат да се подобрат надлежностите на раководниот кадар во компанијата за ефикасно управување со луѓето и процесите:
• Менаџмент на човечки ресурси
• Динамично лидерство
• Обезбедување на дополнителна вредност и продуктивост на компаниите
• Бизнис развој
Обука на раководниот кадар во компаниите и примена на стекнатите знаења и вештини во управување со човечки ресурси ќе биде уште поефикасна кога е споделена и прифатена од страна на вработените во компанијата, како процес на заеднички корпоративни вредности.
Втората обука (Групна обука во компании) ќе биде спроведена во рамки на самите компании на менаџери кои присуствувале на првата обука (поединечно во секоја од 10-те компании), во секоја компанија ќе се работи два дена теоретски и практично со вработените на компанијата.
Целта на групната обука е да се придонесе кон поголема ефикасност и креативност во процесот на работа, воспоставување поголема ефикасност на комуникација помеѓу различни нивоа на менаџмент во компанијата, донесување на прецизни одлуки, вештини за супевизија, поставување на цели, високо ниво на задоволство во работата, мотивација на вработените и градење на тим.
Обуките ќе ги изведува една од најдобрите тренинг консултански куќи во Македонија, Балкан Девелопмент Солутионс БДС, со големо искуство и стручен инструиран работен кадар за тренинг обуки.
Обуките ќе се оддржуваат во градот Куманово во специјализирана сала за обуки.
Сите заинтересирани компании од градот Куманово со најмалку 5 вработени можат во наредните две недели да се пријават за учество на професионалните обуки и да ја контактираат Фондација за развој на мали и средни претпријатија Куманово, која понатаму ќе ги упати за пријавување во Балкан Девелопмент Солутионс БДС.
Обуките се бесплатни, поточно истите се финансирани и покриени од страна на ЕУ проектот “Лидерство и мотивација – занимање или професија”.
За повеќе информации во врска со престојните професионални обуки или пак ако сакате да добиете повеќе информации за ЕУ проектот, “Лидерство и мотивација – занимање или професија” (Leadership and motivation – vocation or profession), можете да не контактирате:
Фондација за развој на мали и средни претпријатија Куманово
Илинденска бб Куманово
Проект менаџер
Димитар Ташевски
Тел./факс: +389 31 416 102
Моб: +389 78 300 605
E-mail: [email protected]
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk