Престанува владината мерка за замрзнати маржи на прехранбените продукти, граѓаните стравуваат од нов ценовен шок

30.06.2023 15:51 | Жаклина Цветковска

Од утре,  1 јули,  престанува владината мерката за замрзнати маржи на прехранбените производи, која беше донесена за време на кризната состојба.

Престанува владината мерка за замрзнати маржи на прехранбените продукти, граѓаните стравуваат од нов ценовен шок

Ова значи дека производителите и трговците повторно ќе можат да ги формираат цените на брашното, лебот, шеќерот, јајцата и млечните производи според пазарните услови, заради што граѓаните стравуваат дека ќе има нов ценовен шок на основните намирници.

„Според досегашните искуства веруваме  дека цените на прехранбените продукти ќе се зголемат, бидејќи трговците и производителите работат за профит. И досега, со замрзнати маржи ни беше скапо, а со враќање кон пазарните услови сигурно ќе биде уште поскапо и  ќе можеме да си дозволиме се помалку храна за семејството“,  велат загрижените граѓани.

На ист став е и Организацијата на потрошувачи на Македонија која не верува дека цените на прехранбените производи ќе останат на исто ниво како за време на кризната состојба, а од министерството за економија  сметаат дека производителите и трговците треба да покажат општествена одговорност кон граѓаните.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk