Пукање во центарот на Куманово, едно лице повредено

05.12.2023 18:34 | Оливера Пешевска

Едно лице е повредено откако во него било пукано попладнево на ул. Борис Кидрич, во центарот на Куманово.

Пукање во центарот на Куманово, едно лице повредено

Од полицијата го потврдуваат инцидентот, но немаат конкретни податоци, бидејќи екипата се ште е на терен и врши увид. 

Најавија дека наскоро ќе излезат со официјални податоци.

Неофицијално, од очевидци кои ги сретнавме на лице место, инцидентот се случил околу 17.30 часот на паркингот на Чоробенско ќоше, кога едно лице испикало повеќе куршуми од пиштол кон друго. Повредениот со возило на Брза помош е пренесен во Кумановската болница, по што е препратен на лекување на скопските клиники.  Додека оној што пукал побегнал.

На социјалните мрежи веќе се споделува видео на кое се гледаат  возила на полиција и брза помош.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk