Претепан чувар на депонијата Краста

18.02.2016 13:00 | KumanovoNews

Б.В.(41) од село Пчиња, чувар на депонијата Краста, сопственост на јавното претпријатије „Чистота и зеленило“ вчера околу 13.50 часот, е претепан од човек кој собирал предмети во сметот.

Претепан чувар на депонијата Краста

Тој забележал неколку лица како собираат предмети на депонијата и откако им рекол да ја напуштат депонијата, Б.С.(32) од Куманово го нападнал и му нанел тешки телесни повреди. Чуварот е пренесен на хирургија во Општа болница Куманово, а оттука како итен случај е префрлен во Клинички центар Скопје.

Увид на лице место изврши екипа од СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk