Претепан ученик пред економско училиште

02.04.2012 09:55 | KumanovoNews

 М.Р.(17) од Табановце, ученик во трета година во економското училиште „Перо Наков„ завчера бил претепан на улицата пред училиштето.

Претепан ученик пред економско училиште

Околу 12.30 часот, на долниот влез на училиштето, без повод и причина го нападнале Ф.Н. и А.Н., откако му пришле од зад грб. Во еден момент Ф.Н. го фатил за реверите од блузонот и почнал да го удира со рака во пределот на лицето и главата, по што му се придружил и А.Н. и се нафрлил да го удира по телото, нанесувајќи му видливи повреди.

Случајот во полиција го пријавил татко на момчето, откако тоа отишло дома и раскажало што му се случило.  СВР-Куманово превзема мерки за расчистување на случајот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk