Претепана жена премрзнала во снег

08.02.2012 17:26 | KumanovoNews

 Анета А.(27) од Куманово вчера била пронајдена премрзната во близина на комплексот „Калабриа„ на патот кон селото Романовце. Претепаната жена ја нашил случаен минувач.

Претепана жена премрзнала во снег

Според информации од полицијата, несреќната жена завчера ја претепал нејзиниот сопруг Филип A.(28), по што таа избегала од дома. Кога вечерта не се вратила, тој пријавил во полиција дека таа исчезнала. Наредното утро била пронајдена премрзната со повреди по телото.

Веднаш била пренесена  во кумановската болница, но поради сериозноста на здравствената состојба итно е прфрлена во Ургентниот центар во Скопје.

Полицијата не можела да дознае од жената како се нашла на периферијата на градот. Филип е приведен во полицијата и по итна постапка му е поднесена кривична пријава за нанесување на тешки повреди. Не му било првпат физички да ја малтретира жената.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk