Претрес во Куманово:Приведено едно лице за недозволено поседување оружје

10.04.2021 09:37 | KumanovoNews

Полициски службеници од СВР Куманово вчера го лишиле од слобода М.З.(29) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за извршено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, превидено и казниво по член 396 од Кривичниот законик.

Претрес во Куманово:Приведено едно лице за недозволено поседување оружје

По насоки од Одделот за криминалистичка полиција и добиена наредба од Основен суд Куманово, извршен е претрес кај М.З., при што се пронајдени и одземени два пиштола и рамка со 7 боеви куршуми, кои ги поседувал без дозвола. М.З. е приведен и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk