Претреси во Слупчане, пронајдени повеќе парчиња оружје, муниција...

07.09.2023 22:34 | Сузана Николиќ

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и СВР Куманово- Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје, по добиена судска наредба од Основен суд Куманово,  денеска извршија претрес во дом и други простории кај 49-годишен жител на с. Слупчане, општина Липково. 

Претреси во Слупчане, пронајдени повеќе парчиња оружје, муниција...

„При претресот пронајдени се шест пиштоли различни марки, седум рамки за куршуми, пневматска пушка „екол“ со оптика за пушката, околу 2500 куршуми различни калибри од 9мм, 7.62мм и 6.35 мм, 64 пиротехнички ракети... З.И. е приведен во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Куманово“, соопшти МВР.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk