Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Претседателот на Основниот суд Куманово, Муса Сулејмани, по 5,5 месеци поминати во притвор, пуштен е на слобода.
Од Основното јавно обвинителство на РМ, потврдија дека осомничениот вложи жалба до Врховниот суд, кој ја уважил истата и со одлука го ослободил од притвор.
Според судски извори, Сулејмани доаѓа на работа во Судот. Момнетно в.д. претседател на Кумановскиот суд е Беџет Елези.
Сулејмани е во притвор за кривично дело злосторничко здружување и злоупотреба на службена положба и областување. Тој е уапсен на 8 октомври, минатата година во акцијата Удар. Според тогашни информации на МВР, претседателот соработувал со криминална група од Арачиново што се занинавала со изнуди, лихварство, трговија со дрога и оружје и криумчарење мигранти.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk