Претседателот на Советот стана градоначалник во превод

09.03.2016 11:02 | KumanovoNews

 На денешната седница, претседателот на Советот Максим Димитриевски стана градоначалник, во преводот од албански на македонски јазик.

Претседателот на Советот стана градоначалник во превод

Кога советникот Фериз Дервиши му реплицираше на Димитриевски  го започна обраќањето со : „Почитуван претседател на Совет и колеги советници“, преведувачката рече: „Почитуван градоначалник...., почитуван градоначалник...“, обраќајки се на Димитриевски.

Дамјановски во тој момент не беше на седницата.

Откако преводот не беше на потребното ниво, Димитриевски побара да се прекине седницата или советникот Дервиши да се обрати на македонски јазик, по што седницата продолжи.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk