Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Претседателот на Основниот суд Куманово, денеска е уапсен од полицијата под сомнение дека сторил кривично дело злосторничко здружување и злоупотреба на службената положба и овластување.
Во акцијата Удар, според МВР, претседателот соработувал со членови на криминална група од скопските села Студеничани и Арачиново, кои се занимавале со изнуда, лихварство, неовластено производство и продавање на дрога, недозволено држење и тргување со оружје и криумчарење на мигранти.
Во текот на истрагата, било утврдено дека организаторот на криминалната група, контактирал со претседателот на судот, заради посредување во судски предмет за сторено кривично дело убиство извршено во 2012 година во Куманово. При тоа член на семејството дал 24.000 евра за да го поткупи претседателот, со цел да го ослободи од затвор едниот од извршителите на убиството. Претседателот примил 19.000 евра, а за возврат дал инструкции како да се однесуваат во понатамошната судска постапка.
За сите активности МВР тврди дека има докази и работи на проверка на податоците за злоупотреба на службената положба и во други случаи.
Во акцијата се уапсени 11 лица, а еден е во бекство.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk