Претседателот Пендаровски ќе се вакцинира во Куманово

18.05.2021 07:09 | KumanovoNews

Претседателот Стево Пендаровски, денеска во 14 часот ќе ја прими првата доза на вакцина против ковид-19 во вакциналниот пункт во спортската сала на СОУ „Перо Наков“, во Куманово.

Претседателот Пендаровски ќе се вакцинира во Куманово

Од Кабинетот објаснуваат дека Пендаровски одлучил да се вакцинира во Куманово за да ја подигне јавната свест за потребата од масовна вакцинација во овој дел од државата.

Во Куманово вчера се вакцинираше и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски и градоначалничката на Старо Нагоричане, Жаклина Јовановска.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk