Претседателот Пендаровски посети семејна фарма во „Четирце“

13.03.2024 09:44 | KumanovoNews

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на проектот „Лице в лице со Претседателот“, пред неколку дена во кумановското село Четирце,  го посети семејството Димковски, кое има семејна живинарска фарма.

Претседателот Пендаровски посети семејна фарма во „Четирце“

Во разговорот со сопственичката Сања Димковска, претседателот Пендаровски бил запознаен со капацитетите на фармата, начинот на одгледување на животните и пласманот на нивните производи.

„Споделувајќи ги досегашните искуства, Сања посочи дека пред неколку години решила да се откаже од тогашната професија и да се посвети на домашниот бизнис, да продолжи по стапките на родителите кои околу две децении се занимаваат со сточарство. Нејзиниот современ пристап, преку непосредна комуникација и дигитален маркетинг, придонел за значително зголемување на продажбата. Со традиционалниот метод на одгледување кокошки на отворени пасишта, фармата „Четирце“ најчесто и не ја задоволува побарувачката“, велат од кабинетот на Претседателот.

Препознавајќи го интересот за проверени и здрави прехранбени продукти, освен примарната живинарска и свињарска дејност, Димковски, во текот на изминатава година, започнале и да приготвуваат и да продаваат домашна храна.

Нагласувајќи го придонесот на жените претприемачки од руралните средини, претседателот Пендаровски изрази задоволство што примерот на Сања поттикнува и охрабрува млади луѓе да веруваат во својот потенцијал и да дадат значаен придонес во нашето општество.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk