Претставата „Малата сирена“ во Театар Куманово

28.09.2019 07:43 | KumanovoNews

Во Театар Куманово, вечерва (сабота) во 17.30 часот децата повторно ќе имаат можност да ја гледаат претставата „Малата сирена“, работена по мотиви на Ханс Кристијан Андерсен, а во режија на Бојана Краљевска.

Претставата „Малата сирена“ во Театар Куманово

Морскиот сон на длабокото морско дно, полн со риби, школки, корали ја оживува детската фантазија и создава свет полн со авантура и магија. Преку оваа претстава на децата им се овозможува да ѕирнат подлабоку „во морското дно“ и да ја почувствуваат магијата и емоцијата на театарот и да ги погледнат одблизу актерите како ликови од нивната фантазија. Психолошки моќна, бидејќи од една страна на децата им се овозможува уживање во мисеријата и фантазијата, но од друга страна на децата им овозможува разграничување на фикцијата од реалноста.

Во претставата играат актерите: Кети Дончевска Илиќ, Сања Русеска, Александра Михајловска, Никица Јанковски, Дубравка Киселички, Марко Трајковиќ, Жарко Јовановиќ и Владо Дојчиноски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk