Претставата „Реалисти“ во Кумановскиот театар

15.01.2019 14:04 | KumanovoNews

Во Кумановскиот театар во четврток, со почеток од 20 часот, ќе се игра претставата „Реалисти“ во режија на Срѓан Јаниќијевиќ.

Претставата „Реалисти“ во Кумановскиот театар

Драмата е работена по текст на белградската авторка Јелена Кајго, кој третира повеќе современи теми, отуѓеноста на луѓето, нивната трка по пари и престиж во машината на капитализмот, каде што парите се над сѐ. Цената најчесто е превисока.

Со одредена доза на хумор, на публиката и се претставува суровата страна на тешкиот живот на луѓето оптоварени со настојувањето за достигнување „на високо ниво“.

Дел од проектот се и екипа на млади актери од Македонија Ивица Димитријевиќ, Нина Деан Гачиќ, Владимир Петровиќ, Ивана Павлаковиќ, Стефан Вујисиќ, кои заедно со Јаниќијевиќ со голема смелост и енергија влегоа во реализација на од неколку аспекти големиот предизвик и пионерски проект.

 Карти можат да се купат во слаткарницата „Зафир“, цената е 150 денари.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk