Претстaвата „Секс, лаги и љубомора“ вечерва на Денови на комедија

02.10.2020 07:33 | KumanovoNews

 Деновите на комедија вечерва продолжуваат со претствата „Секс, лаги и љубомора“, во изведба на Народен театар „Антон Панов“ од Струмица.

Претстaвата „Секс, лаги и љубомора“ вечерва на Денови на комедија

Текстот е на Марк Камолети, режија  и сценографија Синиша Ефтимов, костимографија Ванчо Василев.

Играат: Стојан Трн Велков, Анкица Бенинова, Коста Ангов, Јулија Малкова, Танкица Стојанова и Јасмина Вучкова.

 Секс и љубомора е класична фарса. Станува забор за текст напишан во 60-тите години од минатиот век и до ден денешен и повеќе од успешно живее на сцените ширум светот.

Претставата почнува во 20 часот во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk