Претставени перспективите на Охридскиот договор

05.11.2010 14:35 | KumanovoNews

Охридскиот рамковен договор не треба да се користи како средство за добивање на политички поени и да се промовира само кога е во корист на партијата на власт, а да се критикува од опозицијата.

Претставени перспективите на Охридскиот договор

 Кај нас токму тоа се случува, поради вмешаноста на политиката граѓаните немаат јасна слика што е вистина од она што го изнесуваат политичарите во медимите- истакна професорот Мерсал Биљали на денешната тркалезна маса за Перспективите на рамковниот договор пред претставниците од невладиниот сектор, од институциите , локалната самоупрва и граѓаните.

Тој смета дека треба да се направи една подлабока анализа од страна на експерти од Македонија и од странство и потоа да се изнесат таквите податоци колку е реализиран Рамковниот договор.

Реално досега  нормативниот дел од договор во повеќе од 95% е реализиран, додека практичната примена во однос на употребата на јазиците на етничките заедници и останатите права предвидени со договорот одат побавно, но тоа е еден подолготраен процес кој бара повеќе време за реализирање во повеќе чекори. Помалите етнички зедници и нивните партии би требало да престанат да бидат вазали  на поголемите партии и треба да се изборат за своето место. Треба да бидат многу поорганизирани и дефинирани во раките на демократските процеси- вели Биљали.

Во рамките на проектот ќе се резлизираат вкупно три тркалезни маси , а главната цел е да се зголеми информираноста на населението за Охридскиот Рамковен Договор.

Куманово е мултиетнички град со 105 илјади жители и сакаме да се информираат граѓаните за меѓуетничкиот соживот во Општината и како се имплементира Рамковниот договор. Сметаме дека обичниот граѓанин нема доволно информации и затоа изработивме брошура за оваа намена-рече Ахмет Јашаровски претседател на ДРОМ, организатори на трибината.

Проектот е дел од програмата на Обединети Нациии “Подобрување на меѓуеничкиот дијалог и соработка помеѓу заедниците“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk