Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Членови на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово, вчера на Свети Трифун закројуваа лозје во близина на селото Романовце.
Од партијата четврта година по ред го одбележуваат денот на лозарите и виното. Во закројувањето учествуваше и пратеникот во Собранието на Република Македонија, Зоран Ѓорѓиевски.
Да го честитам празникот на сите христијани, со желба за благосостојба, плодност, здравје и мир во земјава, па потоа да посакаме на сите останати сите овие работи. Ова чествување на Свети Трифун беше на иницијатива на ВМРО, која започна пред четири години. Традиционално се трудиме да ја одржуваме секоја година, локациите ги менуваме, отприлика во сите делови од градот да бидеме застапени - рече тој.
Кумаството од Дејан Грозадановски беше предадено на Дејан Ристов, секретар на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk