Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Што да преземат надлежните институции и невладини организации во градот за да помогнат во спречување на насилството меѓу младите беше темата на синоќешната трибина што ја организираше Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.Пред присутните говореа претставнички од Собранието, Бирото за развој на образованието, СВР Куманово и невладиниот сектор кој работи на оваа проблематика.
-Сметаме дека е потребно јавно да се проговори на оваа тема и зеднички со сите инволвирани фактори да помогнеме во намалувањето на насилството кај младата популација. Истотака ги слушнавме и размислувањата и идеате на граѓаните кои може да помогнат за спречување на оваа деструктивна појава - изјави пратеничката Дарка Петрушевска.
Невладините организации работат на повеќе проекти со младите, пред се учениците, но и со родителите и професорите,заради надминување и решавање на конфликтите.
Работилниците на темата ненасилна комуникација дадоа одредени резултати за намалување на наслиството кај младите.Вечерва ги изнесовме нашите согледувања и анализи токму на оваа тема, на која треба да се обрне посебно внимание-вели Дивна Јанкова од невладината организација „Доверба“.
На крајот на трибината беше отворена дискусија каде присутните поставуаа прашања за актуелната проблематика.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk