Превентивни активности на граничните премини за поголема безбедност во сообраќајот

21.08.2024 14:32 | Оливера Пешевска

На граничните премини Табановце, Белановце, Пелинце и Деве Баир полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово во текот на изминатата недела реализираа превентивни активности за поголема безбедност во сообраќајот.

Превентивни активности на граничните премини за поголема безбедност во сообраќајот

„Полициските службеници на возачите им укажуваа за внимателно возење и почитување на сообраќајните правила и прописи, како и потребата од правење на паузи особено при подолги патувања“, соопштуваат од полицијата.

На возачите им беа поделени едукативни летоци со корисни информации околу законските прописи и сообраќајните правила. Се делеше и вода за освежување на екстремно високите температури кои владееја.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk