Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од Центарот за јавно здравје Куманово укажуваат на низа мерки кои треба да се преземат во пунктот за помош на мигранти, за да не дојде до појава на акутни инфективни заболувања.
Препорачуваат да се набави соодветно средство за чистење на тоалетите и чешмите во пунктот на Табановце.
Набавка на доволна количина на лични заштитни средства за персоналот задолжен за одржување на хигиена како и на самите екипи на Црвен Крст. Редовна дезинфекција на самите простории и објекти со акцент на санитарните јазли. Набавка на амбалажа за медицински отпад и редовно отстранување на истиот - стои во препораките од Центарот за јавно здравје.
При појава на сомнителен заболен од инфективно заболување да се извести Центарот, но и да се внимава при интервенција, третман и транспорт на мигрантот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk