Превезувал огревно дрво без документација, полицијата го привела

24.10.2023 10:20 | Сузана Николиќ

Полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки на патниот правец Скопје – Куманово, вчера во 9.45 часот,  кај наплатна станица Романовце, го лишиле од слобода Ј.С.(26) од с. Гошинце, општина Липково.

Превезувал огревно дрво без документација, полицијата го привела

„Во товарно возило „ивеко“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена поголема количина буково огревно дрво за кое не поседувал соодветна документација. Притоа, од извршениот увид во приложените документи биле констатирано дека бројот во сообраќајната дозвола не се совпаѓа со бројот на возилото, поради што постои основано сомнение дека употребил фалсификуван документ“, соопшти МВР.

Лицето е приведено, пронајдените дрва се предадени на Шумска полиција Куманово, а по целосно документирање на случајот против Ј.С. ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk