Превезувале огревно дрво без документација, полицијата ги привела

20.09.2023 14:45 | Сузана Николиќ

Полициски службеници од Полициската станица Белановце, завчера во 19.30 часот  ги лишиле од слобода Ф.Ќ.(41) од с. Лопате, кумановско и М.С. (49) од Куманово. 

Превезувале огревно дрво без документација, полицијата ги привела

„При преглед во патничкото возило „пежо боксер“, кое го управувал Ф.Ќ., и во товарно возило „форд транзит“, кое го управувал М.С., двете со кумановски регистарски ознаки, биле пронајдени огревни дрва без документација. Исто така, било запрено и патничко возило „фолксваген пасат“ без регистарски ознаки, кое било натоварено со огревно дрво, но возачот го напуштил местото. Трите возила и дрвата биле одземени и предадени на Шумска полиција за понатамошна постапка. По целосно расчистување и документирање на случаите ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk