Превртен трактор уби жител на Липково

30.09.2012 08:42 | KumanovoNews

 Несреќата се случила завчера додека Бесник превезувал огревно дрво во селото Отља на м.в.„Комаска“.

Превртен трактор уби жител на Липково

Бесник Ф. (56) од село Липково починал откако се задобил со повреди под превртен тракторот. Несреќата се случила вчера додека Бесник превезувал огревно дрво во селото Отља на м.в.„Комаска“. Тракторот се превртел и му нанел фатални повреди.

Повредениот бил пренесен во кумановската болница, каде лекарите констатирале смрт.

Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР-Куманово, при што е утврдено дека се работи за несреќен случај.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk