Превртениот автобус во Будимпешта не е со кумановски гимназијалци

26.04.2013 09:26 | KumanovoNews

 Автобусот, кој ноќеска излетал од патот во близина на Будимпешта, не превезувал ученици од гимназијата Гоце Делчев, кои вчера тргнале на екскурзија.

Превртениот автобус во Будимпешта не е со кумановски гимназијалци

Според информации од управата на гимназијата, тие утринава се слушнале со директорот и наставниците кои се на патувањето и тврдат дека децата безбедно патуваат и немаат никакви проблеми.

Од утринава ни се јавуваат голем број на загрижени родители кои прашуваат дали несреќата се случила на автобусот со кој патуваат нивните деца. Сакам да објавите дека се е во ред со нашите ученици и нема простор за паника- велат од училиштето.

Учениците од втора година вчера попладне тргнале на екскурзија за Будимпешта - Виена - Прага, што се совпаѓа со несреќата која ги вознемирила родителите.

Според скопските медиуми автобус со 28 патници излетал од патот на 50 километри од Будимпешта, Унгарија. Несреќата се случила  во  1.45 часот во близина на градот Гор откако од за сега непознати причини излетал автобусот кој сообраќал на релација Скопје – Прага.Автобусот на патничката  агенција „Тото“ сообраќал на редовна линија до Прага.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk