Преземени мерки за заштита од поплави

15.03.2016 13:59 | KumanovoNews

 Општински штаб за заштита и спасување на Општина Куманово одржа состанок по повод последните поплави во селата по течението на Крива Река и Пчиња.

Преземени мерки за заштита од поплави

На состанокот се расправаше по информацијата за состојбата со речните корита по обилните врнежи и превземање на понатамошни мерки за заштита од поплавите.

 Претставници на општинскиот штаб истакнаа дека ги посетиле сите критични точки на речните корита и заклучиле дека водата се повлекува во коритата, а од излевањето на речните корита е поплавено земјоделско земјиште. Реките во градот не се излеаа од своите речни корита.

Општинскиот штаб за заштита и спасување ги донесе следните заклучоци:

1. Се препорачува на Општина Куманово по намалување на нивото на водата да продолжи со превентивно чистење на речните корита на критичните точки.

2. Се препорачува на ЈП „Кумановско Липковско поле“  да превземе активности за чистење на речните корита на критичните точки вон градежен реон.

3. Се препорачува на општинската комисија за проценка на штети да излезе на лице место и да ги утврди настанатите штети од излевање на речните корита.

4. Да се информираат граѓаните преку локалните медиуми дека Барања за претрпена штета можат да поднесуваат во период од 16.03.2016 до 21.03.2016 до 14:30 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk