Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во средното училиште „Перо Наков“ вчера двајца волонтери од Португалија кои волонтираат во Мозаик волонтерски центар, ја презентираа програмата Еразмус Плус.
Програмата Еразмус нуди за учесниците различни можности за образование, обука, настава, меѓународна соработка и развој на меѓународни проекти и иницијативи. Целта на програмата е да промовира меѓународна соработка на лица и да ја зголеми соработката помеѓу различните организации вклучени во високото образование во Европа - велат од Мозаик волонтерски центар.
Се заблагодаруваат за соработката на „Перо Наков“, а во иднина не е исклучена можноста програмата Еразмус да биде презентирана и во други училишта во градот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk