Презентација на Maxima во DBD

02.10.2014 08:50 | KumanovoNews

Во ново отворениот салон на CasaMia by DBD на “Октомвриска револуција“ во сабота ќе се одржи презентација на производите на брендот Maxima.

Презентација на Maxima во DBD

Фабриката Maxima, со години наназад е лидер во квалитетот во производство на бои за внатрешна и надворешна употреба, маси за израмнување, декоративни малтери, средства за тонирање, лепак за керамички плочки, дрво и паркет.

“ Како резултат на долгогодишната соработка помеѓу CasaMia by DBD и Maxima, нивните производи станаа меѓу најбараните и најпродавани на нашите простори. Токму затоа сакаме да ги доближиме и до граѓаните кои досега не ги користела. Промоцијата ќе започне во 11 часот, во сабота, пред салонот на CasaMia спроти спортската сала, а ќе биде збогатена со музика и ди џеј, проследена со многу акции и подароци“ - велат од компанијата CasaMia by DBD .

CasaMia ги поканува сите граѓани на Куманово да ги  посетат и да повелат на саботно кафе во нивниот салон.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk