Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Пред Домот на пожарникарите, утре во 11 часот ќе се одржи промоција на дел од опрема со која располага: Полицијата, Противпожарната единица, Брза помош и Црвен крст.
„Тоа се институции на локално ниво, кои се во служба на граѓаните, односно кои се повикуваат во итни случаи. Граѓаните можат да видат каква опрема користат овие служби и да поразговараат со надлежните како заеднички дејствуваат во несакани ситуации„, - велат организаторите.
Презентацијата се организира по повод Денот на независноста на Македонија, а ја организира Советот на општината и СВР Куманово во рамки на проектот „Заедно за граѓаните“.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk