Презентација на традиционални јадења

16.02.2013 13:00 | KumanovoNews

  “Вкусно, а кумановско“ е новата манифестација што ја организираат неколку навладини организации со цел да ги презентираат традиционалните кумановски јадења.

Презентација на традиционални јадења

 Замислата на организаторите е триесетина жени од руралните средини да подготват пити со месо и зелка, солени и слатки јадења од пченкарно брашно, костен, тиква од природни и еколошки производи, кои ги дегустираат посетителите. Истовремено ќе се претстават можностите за алтернативен, рурален туризам во Куманово и околината, кој може да се развива само со еколошки чистата храна.

Првиот дел е натпреварувачки,и ќе бидат наградени најдобрите производи и капацитети на алтернативниот туризам, додека вториот е заедничка вечера со музика и традиционални јадења. - велат организаторите.

Целта на манифестацијата е да се зачуваат корените, обичаите, традицијата и културата живеењето на нашите предци и да се зближат луѓето од руралната и урбаната средина.

Организатори се ресторан “Грација“, “Етно Беба - Куманово“, Фондација за развој на МСП Куманово, Здружение на граѓани “Гласот на селото“ и Земјоделското училиште “Киро Бурназ“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk